Бизарниот случајот Корне заврши со извинување

Француската тенисерка, Ализ Корне доби извнување од Американската тениска асоцијација за изреченото „прекршување на кодот“ поради пресоблекувањето на маичката во текот на мечот од третото коло на УС Опен. Гранслемот кој прв воведе еднакви награди за мажите и жените, се огради од одлуката на судијата  и потенцираше дека Корне сепак добила само опомена, а и не парична казна.

Поради случката остро реагираше и ВТА која во соопшптение објави дека пресоблекувањето кај тенисерките не спаѓа во прекшување на регулативата. Целиот случај тргна откако, Џуди Мареј на Твитер алармираше за секзисам затоа што тенисерите постојано се пресоблекуваат за време на мечевите, а Корне за истата постапка доби опомена. Потоа тргна лавината рекации од тенискиот свет.

Проблемот се појави кога Корне се врати од паузата по вториот сет и  сфати на теренот дека е облечена наопаку. Брзо ја пресоблече маичката. Целата постапка траше само 15 секунди, но доби казна од главниот судија.

Французинката пак се огласи со став дека таа всушност и не била дел од кампањата за секзиам која ја покрена случката. Го искористи случајот да застане во одбрана на Серена Вилијамс и забраната што таа ја доби да го носи познатиот црн костим на Ролан Гарос.

Дел од гранслем турнирите имаат специфични правила, но најкарактериатично е тоа на Вимблдон на кое учесниците мора да носат бела опрема.

Се вчитува...