„Слушај Џордан, не е во ред такво омаловажување на твојот брат Скоти“

Документарот „Последниот танц“ во кој се раскажува за златната генерација на Чикаго булс предводена од Мајкл Џордан предизвика бура реакции во американската јавност. Незадоволен од начинот на кој е опишан во документарецот е и Скоти Пипен.

По се што се случува во филмот се огласи и Крег Хоџис, кој со Чикаго, стигна до две шампионски титули и играше со Џордан и Пипен. Денес 59-годишниот Крег тврди дека Џордан не би освоил ниту еден прстен доколку не бил Пипен. Затоа не може да премолчи на неправдата и начинот на кој Скоти е опишан во филмот.

„Навистина ми е криво, затоа што знам како добар човек е Скоти. Не бев дел од екипата во тие моменти кога не сакал да настапи. Но, Скоти е брат, тој би дал се за вас и за тимот“ – вели Хоџис и дополнува:

„Не ми се допаѓа како го претставиле и не разбирам зошто е тоа така. Без Скоти, Мајл Џордан никогаш не би освоил прстен. Не е во ред да го омаловажиш така својот брат, посебно не бројот 33 – Пипен“.

Пипен се уште не дал ниту една изјава околу документарецот, но негови блиски нагласуваат дека е повреден и разочаран од неговото претставување во „Последниот танц“.

Се вчитува...