„Слушнав, Ѓоковиќ ќе се вакцинира“

Првиот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ се наоѓа на раскрсница во својата кариера. Се повеќе турнири ја ставаат вакцинацијата против коронавирус како задолжителна за учество, а поради тоа не играше на Австралија опен.

Човекот кој ја пишуваше неговата биографија, Даниел Микш вели дека Србинот ќе се вакцинира.

„Тоа што го слушам од неговото опкружување, мислам дека ќе се вакцинира. Можеби главната причина за тоа ќе биде финалето во Мелбурн и 21. титула на Рафаел Надал“, изјави Микш.

Се вчитува...