Македонија У-17 одигра нерешено со Црна Гора на дебито на Селими

Репрезентацијата на Македонија до 17 години одигра без победник 1-1 на првиот контролен натпревар против Црна Гора во Подгорица. Воедно, ова беше деби на селекторската клупа на Ерхан Селими, кој го замени починатиот Дашмир Беари.

Македонија го отвори резултатот во 18. минута откако Али успеа да донесе предност за гостите.

Домашната селекција во 53. минута преку Мартиновиќ израмнија. Утре се игра вториот контролен натпревар помеѓу двете селекции со почеток во 11 часот.

Се вчитува...