Сменет директорот на кошаркарската Евролига

Клубовите сопственици на А лиценци го сменија Џорди Бартомеу, директорот на кошаркарската Евролига, и тој ќе ја напушти позицијата по завршувањето на сезоната на 30. јуни.

Олимпијакос, Панатинаикос, Макаби Тел Авив, Олимпија Милано и ЦСКА Москва, гласаа за смена на Бартомеу, и го срушија со надгласување со уште еден клуб. Не е познато дали е тоа Фенербахче или Ефес.

Веќе долго време во Евролигата владее незадоволство од раководството, и од првиот човек кој што е на чело на европското натпреварување веќе со години.

Смената на Бартомеу би можела да иницира драстични промени во Евролигата, пишуваат странските медиуми.

Се вчитува...