Смешен автогол на Естонците: Македонија од 3. минута води во Талин (ВИДЕО)

Македонската репрезентација поведе со 0-1 уште во 3. минута на гостувањето против Естонија во Талин во 3. коло од Ц лигата на УЕФА Лигата на нации.

Естонците постигнаа повеќе од смешен, ретко виден, автогол. Дефанзивецот на домашните, Куск, немајќи воопшто претстава каде е неговиот голман врати топката назад од околу 20 метри затресувајќи ја сопствената мрежа…

 

Се вчитува...