Смешен пенал за Србија, новите надежи несреќно поразени во Нови Сад (ВИДЕО)

Младата репрезентација на Македонија до 21 година го доживеа и шесттиот пораз во седмиот натпревар од квалификациите за ЕП 2019, овој пат со 2-1 (1-0) на гостувањето против Србија во Нови Сад.

Составот на Добринко Илиевски, сега рекомпониран со добар дел фудбалери од досегашната селекција до 19 години, одигра одличен натпревар против фаворизираните домаќини доживувајќи во најмала рака несреќена пораз по крајно сомнително досуден пенал за Србите, и случаен погодок по еден карамбол пред нашиот гол.

По израмнет почеток на дуелот, Србија поведе со голот од пенал на Иван Шапоњиќ во 28. минута. Повеќе од смешно досуден удар од белата точка од страна на холандскиот судија, но тоа не им пречеше на домашните да дојдат до предност.

Во второто полувреме Македонија комплетно ги надигра Србите. Одличното издание беше крунисано со гол на Тихомир Костадинов, по асистенцијата на Маневски, за 1-1 во 64. минута.

Иако Македонија имаше бројни шанси и за втор гол, сепак Србија дојде до триумфот од 2-1 со голот на Лазар Ранџеловиќ во 80. минута, по една случајно зафатена топка по изведен слободен удар.

Селекторот Добринко Илиевски, за кого ова беше деби на клупата на младата селекција, настапи во следниот состав: Стевковски, Јованов, Маневски, Трајановски, Амановиќ, Ристовски, Атанасов (Чурлинов 74′), Петковски (61′ Фазлагиќ), Здравковски, Ѓорѓев, Костадинов.

РЕЗУЛТАТИ – 7. КОЛО

Австрија – Ерменија 2-1

Србија – МАКЕДОНИЈА 2-1

ТАБЕЛА: Србија (7 меча) 21 бод, Русија (7) 16, Австрија (7) 15, Ерменија (8) 7, Гибралтар (8) 3, МАКЕДОНИЈА (7) 3 бода.

Се вчитува...