Смешниот изговор на Клоп: Виновен е ветерот…

Ливерпул е во криза, а на Јирген Клоп му снемуваат изговори за слабите изданија на неговиот тим на гостувањата во Премиер-лигата. Ремито со Евертон значеше и губење на првото место на табелата, а Клоп по мечот стана предмет на потсмев на англиската јавност откако за слабата игра на својот тим го обвини – ветерот.

„Ова беше многу, многу тежок натпревар против див противник, од најразлични причини. Знам дека на луѓето нема да им се допадне ова што ќе го кажам, но ветерот беше неверојатен. Дуваше од сите страни, во најразлични правци, имаше бројни ситуации кога им ја отежнуваше работата на играчите. И покрај се имавме три-четири одлични шанси кои за жал не успеавме да ги искористиме“ – изјави Клоп.

Ливерпул по ова реми заостанува еден бод зад Манчестер Сити. Во следното коло „црвените“ го пречекуваат Барнли, додека „граѓаните“ на домашен терен се среќаваат со Ватфорд.

Се вчитува...