Смилковски: Макотрпно работевме за тоа каде сме, но допрва ни следи тежок период

ТФТ по четири одиграни натпревари во Првата лига има перфектен учинок со победи над Кожув, Еуро Никел, Куманово и МЗТ Скопје 2, а оваа низа се продлабочува и со победата над Приштина во БИБЛ лигата, како и претсезонските натпревари.

Од таборот на „црно-белите“ не го кријат задоволството за формата во која се наоѓаат, но напоменуваат дека пред нив е потешкиот дел од сезоната во кој започнуваат и долгите патувања во регионалното првенство, поготово доколку се земат во обѕир повредите.

„Чувството е навистина исполнувачко, но макотрпно работевме за тоа каде сме сега. Даваме максимум и растеме од натпревар до натпревар. Во следниот период не очекува и потежок распоред со патување во Израел и два натпревара во Бугарија и тоа заедно со дуелите дома не очекуваат некои шест натпревари во 15. дена. Ќе биде тешко поготово со тоа што имаме повреди како оние над Смит и Џон и во моментот сме без центри, но нема да се вадиме на тоа. Имаме подолг ростер кој ќе се обидеме да го искористиме и да издржиме. Ќе мора да поставиме и приоритети каде што акцентот е секако на македонското првенство, а во БИБЛ ќе им дадеме шанса на младите. Повредата на Леонард ни поремети планови па ќе видиме што ќе биде. Имаме неколку опции во игра како и враќањето на Тај Харис, но повеќе ќе знаеме во следниот период“, изјави за ЕКИПА, Боро Смилковски.

Следниот натпревар на ТФТ е веќе за два дена кога на домашен терен „црно-белите“ го пречекуваат Академик Пловдив, а потоа следи Работнички пред патувањето за Израел.

Се вчитува...