Ѓоковиќ веќе размислува за Ролан Гарос, друго ништо не му е важно

Британскиот тениски експерт Леон Смит вели дека Новак Ѓоковиќ е фокусиран на Ролан Гарос и поради тоа испаѓаше рано на турнирите во Индијан Велс и Мајами. Најдобриот тенисер на светот во Индијан Велс загуби од Филип Колшрајбер, а во Мајами беше елиминиран од Роберто Баутиста Агут.

„Новак сака да биде првиот тенисер од сегашната генерација кој два пати бил шампион на сите гран-слем турнири. Да не заборавиме дека Федерер има само еден Ролан Гарос, а Рафаел Надал еден Австралија опен. Доколку тој триумфира во Париз, сигурно ќе се издвои од нив двајца“, вели некогашниот капитен на британската Дејвис куп репрезентација. 

Ѓоковиќ е актуелен шампион на Вимблдон, УС Опен и од Австралија Опен. Ролан Гарос го освои во 2016 година, кога во финалето го совлада Станислас Вавринка.

Се вчитува...