Смолинг: Сакам долго да останам во Рома

Англискиот интернационалец Крис Смолинг изјави дека сака да остане во калчолигашот Рома и по завршувањето на едногодишната позајмица.

„Навистина сакам тоа да се случи. Се гледам во Рома неколку сезони. Ќе бидам среќен ако дојде до тоа, но засега се фокусирам само на следниот натпревар“, изјави Смолинг. 

Англискиот дефанзивец пристигна во Рома од редовите на Манчестер Јунајтед на едногодишна позајмица со право на продолжување на соработката.

Се вчитува...