Смртни закани: „Кукли“ со дресови на Рома обесени пред Колосеумот во Рим

Слабите игри на Рома во последно време придонесоа овој тим повторно да остане без трофеј, откако по елиминацијата од Купот на Италија од Лацио, „волчицата“ го загуби и минатонеделното дерби против римскиот ривал, со што дефинитивно остана без шанси и во трката за скудетото. Навивачите се бесни, а своето незадоволство го искажаа упатувајќи смртни закани кон дел од фудбалерите, по што раководството на клубот се реши за засилени безбедносни мерки.

Имено, на еден од мостовите во непосредна близина наримскиот Колосеум доцна синоќа останаа да висат кукли облечени во дресови на Рома, со порака: „Предупредување, спијте со запалени светла!.

kukli pred koloseum

Она што е интересно е што три од куклите биле облечени во дресови на Даниеле де Роси, Раџа Наинголан и Мохамед Салах, играчи кои се најстандардни и меѓу најдобрите во таборот на „волчицата“ во текот на оваа сезона. Особено зачудува односот на навивачите кон Де Роси, кој важи за клупска икона бидејќи целата своја кариера ја мина само во Рома, а во следниот период треба да потпише нов договор со овој тим.

Без разлика дали се тоа навистина наши навивачи, или можеби фанови на друг клуб, мораме да преземеме специјални безбедносни мерки“ – порачаа од раководството на Рома.

Се вчитува...