Смртни закани за семејството на Дејан Ловрен (ФОТО)

Дефанзивецот на Ливерпул, Дејан Ловрен секојдневно се справува со негативните коментари во врска со неговиот лош настап по поразот од Тотенхем на „Вембли“, но фудбалерот мораше да реагира по една порака која ја доби на неговиот „инстаграм“ профил.

Имено, непознат хулиган му се заканувал на хрватскиот репрезентативец дека ќе го убие неговото семејство, Ловрен јавно ја  покажа пораката со цел светот да види какви луѓе постојат.

Фудбалерот на „црвените“ од Мерсисајд шокиран од заканата јавно се изрази со своја порака, во која гласи дека нема да трпи вакви закани кон своето семејство.

„Не ме погодува кога зборуваат лошо за мене, тоа само кажува какви се тие луѓе. Но, не можам да игнорирам кога некој се заканува на моето семејство, едноставно не можам и нема да го прифатам тоа. Гнасно!“, стои во пораката на Ловрен.

lovreninstagram222

Се вчитува...