Смртта на докторот предизвика шок кај Барселона: Ручал, се дружел со играчите, а потоа…

Натпреварот помеѓу Барселона и Осасуна кој требаше да се игра вечерва во 21:00 часот, е одложен непосредно пред натпреварот откако ненадејно почина докторот на Барселона, Карлес Минаро Гарсија.

Пред самиот почеток на мечот, излегоа голманите на Осасуна на загревање, а набрзо потоа биле повлечени во соблекувалната. Долго време немаше никој на теренот, никој не знаеше што се случува, се додека не се огласи Барселона со тажната вест.

Шпанските медиуми пишуваат дека трагедијата се случила во хотелот во кој била сместена Барселона пред натпреварот.

Докторот Гарсија нормално ручал со играчите, и потоа се дружел со дел од нив. После тоа заминал во неговата соба да одмори, и наводно починал во сон.

Играчите на Барселона биле во шок кога дознале што се случило и дека Минаро починал, а неофицијално причината за смртта е срцев удар. Со оглед дека бил сам во соба, не можел никој да му помогне. Кога останатите од медицинскиот тим стигнале на местото, веќе било доцна.

Се вчитува...