Снајдер: Водката ми беше најдобар пријател во Реал Мадрид

Мина повеќе од една година откако Весли Снајдер реши да ја прекине својата фудбалска кариера, а холандскиот ас повторно е во центарот на вниманието, овојпат со „сочни детали“ од периодот во кој играше што ги обелоденува во својата автобиографија. Холандските медиуми дојдоа до исечоци за делот во кој Снајдер го носеше дресот на Реал Мадрид, период во кој екс-фудбалерот на Ајакс влегол во борба со алкохолизмот.

„Бев млад, успешен, сите ме сакаа. Никогаш не земав дрога, но алкохолот стана дел од мојот живот. Кога доаѓаш во Реал Мадрид секогаш сите те сакаат, не можам да кажам дека трае премногу долго. Бев во Мадрид сам, многу малку се гледав со девојката. Што да правиш во слободното време? Зошто да не си со пријателите? Во мојот случај – бидејќи мене најдобар пријател во Мадрид ми беше водката. Се будев следниот ден и не чувствував мамурлук, тренирав како и претходно. Сепак, времето минуваше, а водката ми влијаеше врз концентрацијата. Признавам, мојата посветеност не беше на нивото што го бараше клуб како Реал Мадрид. Се лажев самиот себе, се обидував да ја прикријам физичката слабост со мојата техника, со фудбалската интелигенција. Мислев дека никој нема да забележи“, открива Весли Снајдер.

Холанѓанецот беше член на Реал Мадрид од 2007 до 2009 година, настапувајќи на 52 средби за „кралскиот клуб“ и притоа постигнувајќи 11 погодоци. Потоа тој се пресели во Интер, клуб со кој што во 2010 година стигна и до титулата во Лигата на Шампионите под водство на Жозе Мурињо.

Се вчитува...