Снег во Торино, одложен мечот Јувентус – Аталанта

Натпреварот од Серија А меѓу Јувентус и Аталанта е одложен за некој нов термин. Снежните врнежи во Торино не дозволија да се одигра овој меч, а двете екипи за неколку дена повторно ќе играат на „Алијанц“ стадионот во рамките на реваншот од полуфиналето во Купот на Италија.

Во моментот, Наполи има еден бод предност на врвот на табелата во Серија А во однос на Јувентус.

Се вчитува...