Снежно коло во Втората лига: Пелистер го „демолираше“ Башкими, Арсими без милост кон Победа, Детонит славеше во дербито со Охрид

Снежни натпревари во 13. коло од Втората македонска фудбалска лига. Под снег се играше на дуелите во Битола, Струга но и во тетовска Голема Речица, но сепак дуелите го дочекаа својот крај за разлика од пресметките меѓу Скопје и Осогово во Автокоманда и Беса и Тетекс кои мораше да бидат одложени поради поплавени терени.

Пелистер ја продолжува битката за влез во Првата лига откако убедливо со 4-0 славеше против кумановско Башкими. Стрелци на головите за Пелистер беа Бојан Спиркоски во 4. минута, Симеон Христов во 39. минута, Давид Јошески во 65. минута и Дарко Размоски во 90. минута од пенал.

Во дербито во Радовиш, Детонит Плачковица минимално со 1-0 триумфираше против Охрид. Стрелец на победничкиот гол за Детонит беше Стефан Бабунски во 57. минута.

А, под крајно тешки услови за игра, целосно покриен терен со снег, Арсими во Голема Речица немаше милост кон Победа победувајќи со неверојатни 8-1.

Изненадувачки Вардар Неготино ја победи Беласица со 1-0, со голот на Кирил Неделков во 71. минута.

ФОТО: Момент од мечот Арсими – Победа

ВТОРА ЛИГА – 13. КОЛО
Пелистер – Башкими 4-0
Караорман – Новаци 1-3
Арсими – Победа 8-1
Детонит Плачковица – Охрид 1-0
Кожуф – Каменица Саса 3-2
Вардар Неготино – Беласица 1-0
ОДЛОЖЕНИ
Скопје – Осогово (27.11. – 13 ч.)
Беса – Тетекс (27.11. – 13 ч.)

Се вчитува...