Снимка од комуникацијата на Мерцедес и Хамилтон на лудата трка во Абу Даби: Зар тој е зад мене… со нови гуми?! (ВИДЕО)

Осмата титула во Ф1 шампионатот која ќе значеше преминување на легендарниот Мајкл Шумахер и поставување на нов рекорд на Луис Хамилтон му побегна во последниот круг од Големата награда на Абу Даби.

Британскиот возач извозе одлична трка во која 57 круга ја имаше првата позиција, но откако Николас Латифи се заби во оградата, Мерцедес не се одлучи на промена на гумите за разлика од Ред Бул и Макс Ферстапен кои го искористија сигуносното возило и со свежи гуми успеаја да го претекнат Британецот во 58 круг.

На мрежата Јутјуб е објавена снимка од радио врската помеѓу Хамилтон и неговиот тркачки инжинер Петер Бонингтон кој сведочи за паниката и неверстовото во последните кругови од последната ГН на сезоната.

Бонингтон: Макс заглави го гужвата, разликата е сега 12 секунди. На стазата е сигурносното возило.
Хамилтон: Срање, човече, тоа е неверојатно. Што се случува зад мене?
Бонингтон: Ферстапен одлучи да замине во бокс.
Хамилтон: Сега е зад мене?… Со нови гуми?
Бонингтон: Луис, тој можеше тоа да си го приушти. Ние не бидејќи ќе ја изгубевме позицијата на стазата. Мора целиот неред да се расчисти на стазата. Може и нема да почнеме да тркаме повторно“

Се вчитува...