Со Дисингер и со Стоилов, Вардар ќе го освојува Брест

Со Кристијан Дисингер и Столе Стоилов, а без Томислав Јагуриновски, Мартин Карапалевски и Давид Гашовски, Вардар од денеска е во Брест во очекување на почетокот на новата сезона во ракометната Лига на шампионите. Тренерот Стевче Алушовски реши да не ги поведе овие тројца ракометари за воведниот дуел од елитното натпреварување. На списокот од 17 имиња е и капитенот Стоилов кој го надмина коронавирусот, а и Дисингер за кој клубот информираше дека има проблеми со задната ложа.

Вардар денеска ќе има еден тренинг, а поради протоколите за заштита од коронавирусот, нашиот тим утревечер веднаш по завршувањето на натпреварот си доаѓа во Скопје.

„Црвено-црните“ кои и натаму се носители на европската титула освоена во мај 2019 година покрај со Мешков Брест во групата А ќе се борат и против Пари Сен Жермен, Киелце, Порто, Пик Сегед, Елверум и против Фленсбург.

Се вчитува...