Со Елмас во стартниот состав и против Австријците

Македонската репрезентација ќе биде со Елиф Елмас во почетниот состав и за пресметката против Австрија во квалификациите за ЕП 2020, која од 20:45 часот се игра на арената „Тоше Проески“ во Скопје.

Селекторот Игор Ангеловски се одлучи да го вклучи Елмас од почетокот, иако вчера истакна дека постојат само 30% шанси тој да игра против Австрија. Сепак, ќе биде во средниот ред заедно со Барди, Николов и Аријан Адеми.

Во одбраната пред голот на Димитриевски ќе бидат Стефан Ристовски, Бејтулаи, Велковски и Алиоски, а во офанзивата Пандев и Несторовски.

Се вчитува...