Со „Фемили Аеродром“ е сe полесно – МЗТ Скопје на крилја на најверните до полуфинале во АБА2 (ФОТОГАЛЕРИЈА)

МЗТ Скопје славеше над Сутјеска во четвртфиналето од разигрувањето на АБА2 лигата во натпревар во кој „сино-белите“ не беа на врвот на својата задача во нападот, но беа на ниво во одбраната која го примора противникот на тешки обиди кои умешно беа искористени на спротивната страна за лесни поени.

Аеродромци кои се домаќини на АБА2 завршницата имаа поддршка од „Фемили Аеродром“, кои уште еднаш ја обоија салата во „сино-бело“ и ги предводеа своите миленици во триумф.

 

Се вчитува...