Со хет-трик на Христов, Борец убедлив на првиот тест летово

Новиот прволигаш Борец на најдобар можен начин ги почна подготовките за новата сезона славејќи убедлива победа во првиот пријателски натпревар.

Велешани на тестот одигра на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари славеа убедливо со 0-5 против подмладениот состав на Работнички.

Хет-трик за Борец постигна најдобриот стрелец од изминатата сезона Симеон Христов, а по еден погодок дополнија и Марко Георгиевски и Јосе Манасиев.

Се вчитува...