„Со или без COVID-19, ЛОИ во Токио ќе се одржат“

Поради пандемијата од коронавирусот ЛОИ во Токио се одложени за 2021 година. Потпретседателот на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК), Џон Коутс вели дека тие ќе бидат одржани и ќе го добијат епитетот „Игри кои го победија Ковид“.

„Тоа ќе бидат игри кои го победиле Ковид-19, светло на крајот на тунелот. Игрите ќе бидат обнова по уништувањето кое го создаде ова цунами. Тие ќе бидат светло на крајот на тунелот“, изјави Коутс. 

До годинава Олимписките игри во историјата биле одложени или откажани само за времето на двете Светски војни.

Се вчитува...