Со Комо нема шега ниту сезонава

Фудбалерите на Комо продолжуваат со одличните игри и оваа сезона и во добро расположение ќе го чекаат дуелот со Манчестер Јунајтед во Лигата на шампионите.

Комо како гостин со 1:3 ја победи Фиорентина и се искачи на четвртото место на табелата во Серија А. По седум кола, Комо има 14 бодови, пет помалку од лидерот Интер, додека Фиорентина е претпоследна, 19-та со четири освоени бодови.

Либерали и Паз за само четири минути, во 32-та и во 36-та, му донесоа водство на Комо од 0:2.

До крајот на првиот дел, Погранчиќ намали на 1:2, а потоа му беше поништен гол поради офсајд.

Дилемите околу победникот беа разрешени во 56-та минута кога Довикас погоди за 1:3.

Се вчитува...