Со лежење му асистираше на Милан Ристовски кој го постигна шестиот гол во Словачка (ВИДЕО)

Милан Ристовски вчера го постигна шестиот гол во првенството на Словачка. Македонскиот репрезентативец погоди во 31. минута, носејќи предност за Спартак Трнава во дуелот со Похроние од 0:2, резултат што на крајот беше конечен.

Ристовски погоди со интересна асистенција на својот соиграч. Грик во лежечка позиција асистираше до Македонецот, кој стрелаше во мрежата во мешаницата која се создаде по изведен корнер.

Погледнете го голот низ видео:

Се вчитува...