„Со Манџукиќ беше тешко да се тренира, и Гвардиола мораше да го смирува“

Тренингот со Марио Манџукиќ за поранешниот фудбалер на Баерн, Јан Кирхоф значело само болка, и ништо друго. Кирхоф важеше за голема надеж на германскиот фудбал, па Баерн во 2013 година го донесе од Мајнц. Но, неговиот фудбалски развој во баварскиот тим не беше според очекувањата.

Многу брзо Кирхоф го напушти клубот и заврши во третата лига, во Урдинген. Кога денес ќе се потсети на Баерн Минхен прва асоцијација му е Марио Манџукиќ.

„Тренинг-мечевите со Манџукиќ претставуваа голем напор, само болка за мене. Секогаш одеше максимално, кога и да имавме дуел одеше најжестоко што може. Не само кон мене, но и кон другите дефанзивци. Дури и на тренинзи не поднесуваше порази“ – вели Кирхоф и дополнува:

„Беше тешко да се тренира со него. Физички те казнуваше. Се сеќавам и еден ден кога Гвардиола му пријде со зборовите: ‘Можеш да уфрлиш во помала брзина, немој да бидеш така агресивен“ – се потсетува сега 29-годишниот Кирхоф.

Се вчитува...