Со Поцеко никогаш не е здодевно: „Сакав да скокнам од 37ми спрат, но прозорот не се отвори“

Со селекторот на Италија, Џанмарко Поцеко никогаш не е здодевно. Ако ништо не се случува, секогаш се труди да направи шоу со своите коментари и изјави, и да биде во центарот на вниманието.

Се караше со навивачите, добива техничка или две, па како лав во кафез се шета по тунелот, што беше случај на Мундобаскетот, но и на претходните натпреварувања.

Редовно има шоу за време на натпреварите, но знае по завршувањето да забави. Италијаните ја добија селекцијата на Филипини во последното коло од групната фаза, и така обезбедија пласман во следната фаза, и таму оди со две победи и еден пораз, од Доминиканската република.

По тој пораз Поцеко во шега кажа дека сакал да се фрли од хотелот…

„Ги сакам моите играчи. Во хотелот после поразот од Доминикана сакав да скокнам од 37ми спрат, но за среќа прозорите не се отворија. Но, сигурен сум дека некој од Филипинците би ме дочекал да ме спаси. Многу страдав, но имам сјајни играчи. Го сакам и претседателот на сојузот, ме третираше како свој син. Немавме лесна група, и затоа се сака кошарката“, рече Поцеко.

Тој рече како неговата селекција ќе игра против Србија.

„Против Србија ќе играме нормална кошарка. Играме против голем тим. Малку ќе се одмориме, ќе испиеме некое пиво, и потоа ќе мислиме за Србија“, кажа Поцеко.

Се вчитува...