Рубен Аморим разочара на стартот на кариерата во Манчестер Јунајтед. Португалскиот стратег го наследи Ерик тен Хаг, доби „одврзани раце“, но влезе во конфликт со клупската ѕвезда Маркус Рашфорд, а и не може да се пофали со резултатите.
Сепак десниот бек Диого Далот верува во „подобро утре“ и дека Аморим во иднина ќе донесе премиерлигашки трофеј на Манчестер Јунајтед.
„Ако сакате да бидам целосно искрен, со Рубен Аморим како тренер можеме да ја освоиме титулата во Премиерлигата. Мислам реалистично дека можеме да бидеме шампиони. Сепак, тоа што е најтешко за фановите да го разберат, потребно ни е време“, вели Далот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА