Со Шпанија беше светски шампион а сега моли: „Доналде Трамп помагај!“

Утре во Њујорк ќе се игра финалето на Светското првенство 2026 меѓу Шпанија и Аргентина, а поранешниот шпански репрезентативец Жоан Капдевиља е во центарот на вниманието поради молбата што ја упати до Доналд Трамп.

Капдевиља играше за Шпанија многу години и беше дел од златната генерација што го освои Светското првенство во ЈАР во 2010 година.

Овој 48-годишник е пензиониран девет години и имал намера да патува во Њујорк за да го гледа утрешното финале со други поранешни шпански репрезентативци кои го освоија Светското првенство пред 16 години.

Но, Капдевиља наиде на неочекуван проблем бидејќи не доби дозвола за влез во САД, поради што реши дури и да испрати барање до Трамп.

„Може ли некој да ми помогне? Неверојатно сум возбуден што имам можност да го гледам финалето на Светското првенство со моите соиграчи од 2010 година и навивам оваа генерација да го повтори нашиот успех, но има проблем“, напиша Капдевиља и продолжи.

„Моето барање за влез во САД беше одбиено. Не можам да верувам дека не ме пуштаат во земјата и дека ќе пропуштам еден незаборавен момент. Сакам да ги водам децата да го почувствуваат тоа возбудување и зошто фудбалот е најдобриот спорт во светот. Ако некој знае како да ми помогне, ќе бидам вечно благодарен. Бев одбиен затоа што пред десет години играв натпревар во Иран, тоа е нереално. Ми треба помош, како можеме да го контактираме Доналд Трамп? Не можам да верувам зошто не ми дозволуваат мене и на моите деца да влеземе во Америка.“

Поранешниот шпански репрезентативец се обидува на секој начин да добие американска виза, вклучително и од Шпанската федерација.

Тој се надева дека сè ќе биде решено денес и дека ќе може да патува во Њујорк со своето семејство, и дека утрешното финале на Светското првенство ќе го гледа во живо со своите поранешни соиграчи од репрезентацијата.

Утрешното финале помеѓу Шпанија и Аргентина ќе се игра во 21 часот по средноевропско време.

Се вчитува...