Со стоечки овации и аплауз испратен големиот Благој Истатов (ВИДЕО + ФОТО)

Со стоечки овации и аплауз онаков каков што секогаш добиваше како член на Беласица, Победа, Партизан, Утрехт…, Благој Истатов денеска испратен на последниот свој пат до вечноста на комеморацијата која се одржа на Домот на културата „Антон Панов“ во неговата родна Струмица.

„Благој Истатов го одбра исусовиот пат…, патот на добрината… А Исус Христос рекол дека тие луѓе живеат вечно. Да го испратиме со еден силен аплауз каков што добиваше на секој натпревар“ – рече на крајот од своето потсетување за македонската фудбалска легенда, доаенот на македонското спортско новинарство Бошко Трпески.


 

Истатов денеска на комеморацијата во Струмица беше испратен и од претседателот на МОК, Васил Тупурковски, претставници на ФФМ и Владата на РМ, поранешниот спортски директор на Вардар, Александар Заковски, како и бројни домашни познати фудбалски лица меѓу кои Ѓоко Хаџиевски, Ванчо Балевски, Митко Стојковски, Тони Мицевски, Ванчо Мицевски, Бруно Пресилски и поранешни соиграчи од Беласица….

Благој Истатов почина вчера на 71-годишна возраст, а неговиот погреб ќе биде денеска од 14 часот во Струмица.

 

Се вчитува...