Новак Ѓоковиќ со златни букви го запиша своето име во историјата на тенисот откако ја освои рекордната 23. грен-слем титула оставајќи ги зад себе Надал и Редерер. А, Србинот кој се наоѓа во одлична форма има можност и дополнително да го зголеми рекордот до крајот на сезоната.
Во тоа верува и легендарната Габриела Сабатини која вели дека посветеноста на Новак Ѓоковиќ е таа што го прави легенда и воопшто нема да биде чудно доколку го зголеми бројот на освоени големи трофеи.
„Тоа што е импресивно е тоа колку на Ролан Гарос го подигна нивото на неговата игра во однос на претходните турнири. Чудесно е како тоа го прави – кога ќе влезе на грен-слем тој е максимално посветен и концентриран и затоа е тоа што е.
Тој е еден од ретките играчи кои денеска може да соборува рекорди бидејќи поседува менталитет, игра и посветеност кои се потребни за такви успеси. Воопшто нема да се чудам доколку освои уште грен-слемови до крајот на кариерата“, вели Сабатини.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА