Со цел да се сочува тревникот: Македонија и Италија без официјален тренинг на Арената

Ниту Македонија ниту Италија ќе одржат официјален тренинг на Националната Арена „Тодор Проески“, со цел да се сочува тревникот за натпреварот кој е во очајна состојба.

Националната Арена веќе еден месец не се користи, и Струга ТЛ играше во Охрид и на тренинг центарот „Петар Милошевски“ со цел да се сочува за дуелот со Италија.

Затоа Италија прифатила да има само „прошетка“ од 15 минути на теренот, а Македонија, пак, официјалниот тренинг ќе го одржи на тренинг центарот „Петар Милошевски“.

Се вчитува...