Со ваква нога Касорла му даде два гола на Реал!

Санти Касорла беше јунакот на Виљареал во синоќешното реми со Реал Мадрид, ги постигна двата гола за својот тим и му донесе бод против големиот ривал. Фудбалерот на Виљареал денеска е на насловните страници во светските медиуми, поради блескавата игра, но и поради неговата безкомпромисна борба со повредите.

Зад него се девет операции по кои остана без осум сантиметри од тетивата на ногата, опасност од ампутација, 365 дена надвор од теренот… Лекарите му рекоа дека може да биде „среќен ако може повторно да оди со синот низ двор“.

Но, Касорла на наголемиот кошмар што му го донесе пукнатата коска на глуждот додека играше за Арсенал, одговори со неверојатно враќање во Виљареал, клубот на неговиот живот. И тоа во 34 година во животот.

Касорла успеа да ги победи сите ужасни работи што му се случуваа и го сопре Реал со два гола за голем успех на неговиот клуб (2-2).

„Нема да им го пружам тоа задоволство на оние кои не сакаат да заиграм повторно, ќе се вратам“ – порача Касорла додека минуваше низ најтешките денови во својата кариера.

Во декември 2017 година Касорла требаше да го прослави конечното враќање на терен по рехабилитацијата која траеше од октомври 2016 година на натпреварот со Лудогорец во Лигата на шампионите.

Но, наместо тренинзи и натпревари, следуваа нови проблеми за Карсола и нова операција на Ахиловата тетива, деветта по ред откако се повреди.

„Поради болката што ја чувствувам во тетивата веќе неколку дена, повторно морам на операција. Морам да го одложам најавеното враќање на терен, да го задржам ентузијазмот и мотивацијата за да се вратам и повторно да уживам во фудбалот, мојата најголема страст“ – изјави Карсола.

После сите болки и операции неговата десна нога изгледа како на фотографијата што ја објави „Марка“. Тетовираниот дел околу глуждот не е кожа од тој дел на телото, туку на Касорла таму му е пресадена од рамото.

Да биде ситуацијата уште потешка, токму при таа хируршка интервенција, Карсола добива инфекција која прераснува во гангрена, после која лекарите сериозно размислуваа да му ја ампутираат ногата бидејќи таа рана станала опасна по неговиот живот.

Една година подоцна, со ногата која за малку ќе му беше ампутирана, постигна гол против најголемиот клуб во светот.

Се вчитува...