Со зурли и тапани стружани ги пречекаа шампионите на ПМФЛ во доцните часови (ВИДЕО)

Струга ТЛ ја одбрани шампионската титула во Првата македонска фудбалска лига со триумф од 0-2 на гостувањето во Тетово против директниот ривал за истата – Шкенија во претпоследното коло од шампионатот. Стрелци на головите на стужани беа Бесарт Ибраими и Марјан Радески кои ја тресеа мрежата во 42. и 48. минута.

Новиот шампионски трофеј беше повод за големо славје на улиците на Струга каде бројни навивачи ги пречекаа хероите кои допатуваа со автобус по натпреварот во Тетово.

Се вчитува...