Собир на „Грамоси“, легендарниот македонски тим во мал фудбал што растураше и во поранешна Југославија

Грамоси е добро познато има на македонската фудбалска сцена, откако овој тим со години доминираше на турнирите во мал фудбал во последната деценија од минатиот век. Станува збор за тим формиран во 1985 година од група вљубеници во овој спорт, предводена од Драги Трајковски кој е најзаслужен за формирањето и развојот на овој клуб.

Тимот на Грамоси освојуваше први места на бројни турнири што се играа ширум Македонија, но и на територијата на поранешна Југославија, а по осамостојувањето на нашата држава, продолжи да доминира на сцената во мал фудбал, подоцна и во футсал шампионатот.

По многу поминати години, легендите на Грамоси имаа заедничка средба, потсетувајќи се на убавите денови од минатото, при што од страна на клубот беа доделени благодарници за оние кои дадоа свој придонес во резултатите на овој тим.

Најдобар играч во историјата на клубот беше прогласен Аднан Сефовиќ – Нанче, за најдобар голман Есад Личина – Еко, а како играч во сите генерации на Грамоси, посебна благодарница доби Геровски Злате – Рак.

Посхумно благодарници беа доделени и за Нијат Зекир и Трајковски Драги кој даде голем допринос во основањето и развојот на Грамоси.

Се вчитува...