Бразилецот Алисон дос Сантос испиша историја на митингот од Дијамантската лига во Цирих, соборувајќи го светскиот рекорд на 400 метри со пречки.
Бразилецот ја мина целта за 45,80 секунди, надминувајќи го за 0,14 секунди претходниот рекорд од 45,94, поставен од Карстен Ворхолм со освојувањето на олимпиското злато во Токио 2021 година.
Дос Сантос ја заврши трката пред Ворхолм, кој беше втор со 46,69 секунди. Бразилецот го подобри и својот личен рекорд – од 46,29 на неверојатни 45,80 секунди.
Alison Dos Santos is your new 400mH WORLD RECORD holder with 45.80!!!! 🇧🇷🇧🇷🇧🇷🇧🇷✨✨ Look how he left Warholm begging for second place. 😂😂😂😂#ZurichDL #DiamondLeague pic.twitter.com/rqEtIPVM9r
— Azeem (@A7_eem) August 27, 2026
Успехот на Дос Сантос доби дополнителна тежина од фактот што го собори рекордот токму во трката со Ворхолм.
„Тој покажа дека е можно да се истрчаат 45 секунди. Бев таму кога тој истрча 45, а сега беше тука кога јас истрчав 45“, рече Бразилецот.
Новиот светски рекорд сè уште чека официјална ратификација од Светската атлетска федерација.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
