Собослаи им се извини на навивачите на Ливерпул

Фудбалерот на Ливерпул, Доминик Собослаи, им се извини на навивачите на клубот по реакцијата што предизвика негативни коментари по поразот од Манчестер сити во ФА Купот.

Собослаи, кој е еден од најдобрите играчи на Ливерпул оваа сезона, беше критикуван поради гестикулирањето кон гостинските навивачи по поразот од 4-0 на „Етихад“. Неговиот потег со кревање на рамената, кревање на рацете и плескање некои го протолкуваа како сарказам.

„Можеби имаше недоразбирање меѓу мене и навивачите. Немав лоши намери. Знам колку значат навивачите за клубот и колку клубот им значи нив“, рече унгарскиот играч од средниот ред.

Тој истакна дека тимот дава максимум за навивачите и дека се надева дека поддршката ќе биде взаемна.

Се вчитува...