Собрание на ФБСМ: Разрешен директорот Страшо Глигоров

Федерацијата на боречки спортови на Македонија на денешното Собрание одржано во Скопје го разреши од директорската функција во федерацијата, д-р Страшо Глигоров.

На иницијатива на 22 клуба, членки на ФБСМ, Глигоров беше разрешен од водечката спортска функција во федерацијата поради, како што се вели, нарушување на угледот на федерацијата и боречкиот спорт во Македонија. На негово место е назначен Сократ Ефтимов, поранешен борач и спортски педагог.

На Собранието, покрај тоа, беа усвоени извештаите за работата на ФБСМ во 2018 година а изгласана и програмата за работа во актуелнава во која Македонија ќе биде домаќин и на Европското првенство за борачи до 23 години.

Се вчитува...