Согласност за мегаразмена: Бонучи се враќа во Јувентус, Игуаин и Калдара доаѓаат во Милан

Леонардо Бонучи ќе добие можност да се покае и повторно да го облече дресот на Јувентус, а на „Сан Сиро“ ќе заминат Гонзало Игуаин и Матија Калдара. Раководствата на двата клуба постигнаа начелна согласност за мегаразмена.

Јувентус и Милан ќе направат размена на дефанзивците, а Гонзало Игуаин ќе дојде на едногодишна позајмица меѓу „росонерите“, вредна 15 милиони евра. Ова треба да ја затвори зделката која ќе ги стресе повторно Апенините, откако претходно одекна ’бомбата’ со ангажманот на Кристијано Роналдо во Торино.

Бонучи по едногодишната лоша епизода во Милан, ќе се врати во Јувентус, каде повторно ќе формира бедем со добро познатите поранешни соиграчи, Кјелини, Барѕалји и Бенатија, со оглед дека Ругани најверојатно ќе се пресели во Челси.

Игуаин ќе се пресели во Милано, и ќе го облече дресот на Милан, иако го очекуваат и на „Стемфорд бриџ“, каде треба да го засили Челси.

Сепак, во Италија се случува мегаразмена, а правните тимови на двата клуба треба да ја реализираат зделката во наредните денови. Секако, и тројцата фудбалери треба да се согласат со ваков конечен расплет во Серија А.

Се вчитува...