Соиграч на Халанд од Борусија: Веќе почна да ме нервира…

Норвешкиот напаѓач Ерлинг Халанд веќе сериозно го привлекува вниманието на фудбалска Европа и со своите игри во Борусија Дортмунд. Откако пристигна на „Сигнал Идуна парк“ постигна 13 гола во 14 меча, а сето тоа има дополнителна тежина ако се знае дека се работи за фудбалер кој се уште нема полни 20 години.

Рецептот за овие партии се крие, меѓу другото, и во професионалниот пристап кој го има Халанд и кон секој тренинг и кон секој натпревар. Но, тоа како по малку веќе да ги нервира некои негови соиграчи…

„Гледам момче кое прави се што може за да биде подобар од ден на ден. Како машина…. Понекогаш знае да биде и многу незгоден затоа што се мора да биде совршено, од храната па се до тренингот. Да бидам искрен некои такви работи почнуваат по малку да ме нервираат кај него“ – вели фудбалерот од средниот ред на „милионерите“, Томас Дилејни, и дополнува:

„Мислам дека го користи и тоа што постојано има луѓе околу себе. Па, тој е концентриран само на работата. Посебно од голема помош му е неговиот татко кој знае како нештата функционираат во фудбалот“.

Таткото на Ерлинг во минатото играл за норвашката репрезентација. Алф-Инге Халанд во својата кариера настапувал за Нотингем форес, Лидс, Манчестер сити…

Се вчитува...