Соиграч на Тричко го постигна голот на сезоната во Лига Европа (ВИДЕО)

АЕК Ларнака се „чекираше“ во Конференциската лига откако ремизираше со 3-3 во средбата против Динамо Киев, а еден од головите кои беа постигнати на овој натпревар долго ќе се врти на најавните шпици.

Истиот е дело на Израелецот Омри Алтман кој во 25. минута фантастично се снајде во шестнаестникот на противникот и го постигна првиот гол во сезоната.

Се вчитува...