Соиграчот на Елмас e трансфер цел на ПСЖ вреден 180 милиони евра

По новиот неуспех во Лигата на Шампиони и елиминацијата од Баерн Минхен во ПСЖ се очекува чистка и почеток на нова ера. Мега проектот кој го спои Меси, Мбапе и Нејмар на „Паркот на Принцевите“ не вроди плод, а сега богатите Катарци ќе се свртат кон новите мега таленти.

Еден од нив е соиграчот на Елмас во Наполи, Хвича Кварацхелија кој блеска во дресот на неаполитанците и ги предводи на добар пат за освојување на шампионската титула во Серија А, а засега и до четвртфиналето од Лигата на Шампионите. Импресирани од Грузиецот, парижани се подготвени за неговите услуги да издвојат 180 милиони евра, пренесуваат италијанските медиуми.

Токму на 22-годишникот се гледа како наследник на Нејмар кој се поизвесно заминува од ПСЖ. Интересно, на излезните врати е и Меси кој е пред крај на договорот со „светците“, а одбива продолжување на соработката без да знае каква ќе биде неговата улога во клубот и како тимот ќе изгледа во престојната сезона.

Се вчитува...