„Соколите“ испишаа клупска историја: Совладан Фени и. за пласман во втората фаза на БИБЛ (ФОТО)

Во рамки на последното коло од првата групна фаза на БИБЛ лгиата, Карпош соколи го совлада Фени индустри со 79-63 (16-13, 22-25, 20-11, 21-14). „Соколите“ ја запишаа најважната победа во досегашниот тек од сезоната со оглед на тоа дека токму триумф ги носи во втората групна фаза на балканското натпреварување. Избраниците на Драган Николиќ доминираа на почетокот на натпреварот, потоа се опуштија и дозволија пресврт, но во вториот дел од натпреварот се консолидираа и ја вратија контролата на играта за нов триумф.

Бојан Трајковски беше незапирлив во првите пет минути. Кавадарчани немаа одговор за играта на крилниот центар кој погодуваше од сите страни. Македонскиот репрезентативец постгинаа 11 поени во првите пет минути, додека на сграната на Фени индустри на семафорот стоеше нула. Повика Малинков тајмаут, ги построи петмината кои ја добија неговата доверба на стартот и полека Фени започна да ја топи разликата. До крајот на периодот домаќините уфрлија само шест поени наспроти 13 на гостите. Наредните пет минути вниманието беше насочено кон шутерите на гостинот од Кавадарци кои се расположија кога токму тоа им беше потребно. Бобан Стајиќ и Јане Петровски прецизно уфрлија поени зад линијата за три поени едноподруго и успеаја да го свртат резултатот во нивна корист (18-23). Заканата на кавадарчани тренерот на „соколите“ Драган Николиќ ја сфати сериозно, па повика тајмаут. Советите вродија со плод со оглед на тоа дека до крајот на вториот период односно првиот дел од натпреварот резултатот беше 38-38.

И вториот дел од натпреварот кошаркарите на Фени индустри бавно го започнаа. Додека гостите бараа начин и соодветна стратегија за да го затворат продорот на Трајковски кон нивниот обрач, домаќиние си ја направија својата работа и наталожија предност од девет поени (58-49) со која се влезе во последните десет минути. Во моменти кога кавадарчани бркаа минимална негатива, потфрли одбраната во целост, Чековиќ и Шарабиѕе промашија неколку зицери, не функционираше ниту шутот за три што го искористија домаќините за да стигнат до нова победа.

Најефикасен кај домаќините беа Бојан Трајковски со 23 поени, шест скокови и две асистенции. Двоцифрени беа уште Лабовиќ (10) и Пери (12). За Фени индустри тоа беа Ѓекиќ со 16 поени, Магдевски и Стајиќ со по 10 поени.

„Соколите“ како дебитанти во ова натпреварување пишуваат нови страници во клупската историја пласирајќи се во наредната групна фаза каде ќе се натпреваруваат најдобрите осум екипи од оваа лига.

[new_royalslider id=”493″]

Се вчитува...