Соколите поразени, но со кренати глави се враќаат од Новгород

Екипата на Карпош соколи доживеа нов пораз во Еврокупот на ФИБА со резултат од 95-70 (19-22, 27-13, 23-9), откако Нижни на свој терен се намачи за да обезбеди трети триумф во групната фаза. Тимот од Карпош беше рамноправен противник на фаворитот од оваа средба, речиси 30 минути резултатот беше егал, дури имаа контрола врз резултатот во неколку наврати, сепак, Нижни не дозволи изненадување пред својата публика.

Македонскиот вицешампион се најде во поволна позиција по првиот период, откако го освои со резултат од 22-19. Домашните кошаркари беа изненадени од пристапот на гостите, знаејќи дека  претходниот дуел во Скопје лесно го освоија со огромна разлика. До паузата Нижни успеа да стигне до минимална предност (46-45), но одличните Соколи беа решени да се борат до крај. По две четвртини Карпош имаше солидна реализација за три поени (6/9).

Со почетокот на второто полувреме започна и резулатскиот одскок на Нижни, третиот период го освоија со високи 26-16, а тоа знаеше двоцифрена севкупна предност. Ротацијата во редовите на домашниот состав се покажа како главен адут против кој Соколите едноставно не можеа да направат ништо повеќе. До крајот на средбата Нижни ја зголемуваше разликата, додека Карпош успеа да реализира само девет поени за цели 10 минути во последниот период, за на крајот конечниот исход да гласи 95-70 во корист на домаќините.

Драган лабовиќ имашеодличен настап за гостите од Скопје, заврши со виоски 23 поени, Чомагиќ додаде 18, додека Дарко Соколов реализираше 11 поени. За екипата на Нижни најефикасен беше Закаров со импресивни 30 поени и 11 скока, а јеловац додаде 16 поени.

Се вчитува...