Соколов: Се боревме максимално на секој натпревар и мислам дека не разочаравме

Сезоната 2020/21 во македонската кошарка и покрај пандемијата на коронавирус беше исполнета се прекрасни бајки. Една од нив е и таа на Еуро Никел, тимот кој со својата игра ги освои срцата на љубителите на овој спорт.

Кавадарчани уште во текот на сезоната се наметнаа како еден од најдобрите клубови, а успехот го крунисаа и со финале во кое не успеаја да ја совлдаат и последната пречка – МЗТ Скопје. Еден од заслужните за успехот на Еуро Никел оваа сезона беше Дарко Соколов кој повторно ја докажа својата класа.

„Се боревме максимално во текот на целата серија и го дадовме максимумот. На крајот пресуди кратката клупа, но МЗТ Скопје беше подобар во оваа серија и на крајот заслужени победи. Честитки за титулата. Но, би сакал и да се осврнам кон текот на целата сезона. Нашата амбиција од самиот почеток беше влез во шестте најдобри, а потоа ако можеме и влез во првите четири, односно плејофот. Затоа мораме да бидеме повеќе од задоволни од оваа сезона бидејќи се надминавме и влеговме во финале, а притоа не разочаравме и се боревме максимално на секој натпревар. Воедно сакам и да им честитам на сите во клубот за повеќе од успешната сезона, на колегите кои оставаа срце на терен на секој тренинг и секој натпревар. На тренерите Горан Самрџиев и Атанас Манев, на физиотерапевтот Орце кој се грижеше цела година за нас и на управата на чело со Ванчо Филковски. Честитки за сите“, изјави за ЕКИПА, Дарко Соколов.

Се вчитува...