Соколов: Тоа што не краси е тоа што даваме максимум без разлика дали е на тренинг или натпревар

Еуро Никел се пласираше во финалето од разигрувањето за титула откако во полуфиналната серија против Работнички славеше со 2-0. Кавадарчани по „брејкот“ во Скопје успеја и да го одбранат домашниот терен и по дополнителни пет минути во неизвесна завршница да слават со 88-87.

Еден од предводниците на Еуро Никел на овој меч беше ветеранот Дарко Соколов кој оваа сезона игра како во најдобрите денови. Бекот на овој натпревар беше лидер на тимот со 18 поени, 6 скока и 3 асистенции. По мечот Соколов не го криеше задоволството од постигнатиот успех и се надева на титула.

„Голем успех за нас како клуб. Игравме со срце цела сезона, од натпревар во натпревар играме се подобро и подобро, а она што не краси е тоа што секој го дава максимумот и на тренинзите и на натпреварите. Ни се поклопија коцките и остваривме добри резултати. Ни следува финале во кое се надевам дека ќе продолжиме да играме на максимумот како до сега па ќе видиме што ќе се случи во него. Во секој случај оваа сезона за нас е успешна. Немаме што да изгубиме во финалето“, изјави за ЕКИПА, Дарко Соколов.

Се вчитува...