Соколов уште една сезона во Еуро Никел

Дарко Соколов и во следната сезона ќе го носи дресот на Еуро Никел откако искусниот бек ги договори условите за да остане во таборот на кавадарчани.

Овој 34-годишен кошаркар пристигна во Еуро Никел минатото лето од редовите на МЗТ Скопје и експресно се наметна како еден од лидерите на тимот на тренерот Самарџиев. Кавадарчани беа задоволни од придонесот на Соколов, задржувањето на овој кошаркар беше еден од приоритетите при формирањето на тимот за новата сезона, за преговорите успешно да бидат финиширани.

Претходно кавадаречкиот прволигаш успешно ги заврши преговорите и со Никола Караколев, а се очекува боите на Еуро Никел да продолжи да ги брани и капитенот Јане Петровски.

Се вчитува...