Соланке замина од Ливерпул на позајмица

Доминик Соланке е свесен дека нема да добие шанса да ги покаже своите квалитети во Ливерпул, па младиот голгетер реши да си замине од „Енфилд“ и вториот дел од сезонава да го мине во дресот на Кристал Палас. Станува збор за исклучително талентиран напаѓач кој ја предводеше Англија до златен медал на У20 Мундијалот, за кого премиерлигашите имаат исклучително високо мислење иако тој сезонава не одигра ниту една минута во дрсот на Ливерпул.

Брајтон испрати понуда од осум милиони фунти за целосно да го откупи договорот на Соланке, но пресудна беше желбата на самиот фудбалер да замине во клуб што ќе игра нешто поофанзивен фудбал.

Весникот „Дејли Мејл“ тврди и дека Соланке веќе ги минал лекарските прегледи во Кристал Палас, па се чека само јануарскиот преоден рок да биде отворен за трансферот да биде комплетиран.

Се вчитува...