Солари: Им кажав на играчите се во лице, беше жестоко во соблекувалната….

Реал Мадрид минува низ катастрофална сезона од која се поизвесно ќе излезе без ниту еден трофеј. Елиминирани се во Лигата на шампионите како и во Купот на кралот, а во Ла Лига се далеку од Барселона со само теоретски шанси за трофеј.

Изненадувачки, тренерот Сантјаго Солари не се вознемирува многу, иако вели дека имал жесток разговор со дел од фудбалерите директно во лице кажувајќи им што мисли за нив.

„Поголемиот дел од фудбалерите играат на очекувано ниво, но ги има и оние кои се далеку од тоа. На таквите кои недостојно го носат дресот на Реал се им кажав во лице. Имав жестоки конверзации со секој од нив, но секако не можам да ви откријам што точно затоа што сепак тоа е приватен разговор“ – вели Солари кого утре го очекува нов дуел во Ла Лига, против Ваљадолид.

„Без разлика колку ќе бидат тука секогаш ќе давам се од себе, како што работам од почетокот. Чест е да се биде тренер на Реал Мадрид“ – истакнува Солари.

Се вчитува...