Солберг: Невозможно е да опишам колку сум горд на овие момци

Шведска е новиот ракометен европски првак откако во финалето ја совлада Шпанија со минимални 27-26 благодарение на Екберг кој беше прецизен во изведбата на пенал со звукот на сирената. Со тоа заврши и чекањето од цели дваесет години „сино-жолтите“ да се вратат на тронот на европскиот ракомет.

По натпреварот селекторот на Шведска, Глен Солберг не го криеше задоволството од остварениот успех.

„Невозможно е да се опише толку сум горд. Горд и трогнат. Горд сум на оваа група момци кои се фантастични. Одиграа онака како што се договоривме. Имавме проблем со ковидот и други работи беа против нас, но сепак се справуваме со тоа најдобро што знаеме. Ова е нешто големо, многу големо“, изјави селекторот.

Се вчитува...